-->
-->
Кина прогласи крај на епидемијата на коронавирусот
-->
Ширењето на вирусот корона на територијата на Кина е запрено, соопшти официјален претставник на Комитетот за здравствени прашања на Кина, Ми Фенг.
„Бројот на потврдени случаи со инфекција е помал од 3000. Ширењето на епидемијата на територијата на Кина е целосно запрено, изјави на брифинг Ми Фенг.
Според последните податоци во Кина од почетокот на пандемијата биле регистрирани 81439 лица со инфекција на коронавирус , од кои 75448 лица оздравеле, а 3300 починале.
Претходно кинеските медиуми објавија дека во провинцијата Хубеј, освен во Вухан, која е позната како жариште за ширењето на Ковид -19 по цели два месеци е обновен внатрешниот патнички авиосообраќај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата