Кина побара од Трамп да стави вето на законот за Хонг Конг
Кина денеска побара од американскиот претседател Доналд Трамп да стави вето на предлог законот со кој се дава поддршка за човековите права во Хонг Конг и повтори дека ќе преземе силни контрамерки доколку законот стапи во сила.
-Од САД побаравме да ја сфати ситуацијата и да го запре своето погрешно однесување пред да биде предоцна, да спречи овој законски проект да стане закон и веднаш да го прекине мешањето во вантрешните работи на Хонг Конг и на Кина, рече Генг на прес конференција во Пекинг.
Според него, доколку САД продолжат да прават лоши потези, Кина ќе преземе силни контрамерки.
Американскиот Сенат во вторникот го усвои предлог законот за човекови права и демократија во Хонг Конг што треба да му биде упатен и на Претставничкит дом на Конгресот.
Со законот се предвидува САД секоја година да потврдуваат дали има висок степен на автономија на Хонг Конг, за да може да се оправда посебниот трговски статус на територијата, како и санкции за кинеските и хонгконшките функционери доколку се обидат да ги сузбијат слободите на оваа територија.
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце