Кина не кажува колку ќе го зголеми буџетот за одбрана

Кинескиот заменик министерот за надворешни работи Џанг Јесуи денеска изјави дека умерениот раст на потрошувачката за одбрана во Кина во последните неколку години има за цел да ги надокнади пропустите од минатото.
Но, тој одби да соопшти колку ќе биде зголемен буџетот за одбрана на Кина.
- Последните години Кина умерено го зголемуваше трошоците за одбрана, делумно поради тоа што моравме да ги исправаме инвестициите од минатото, а поголемиот дел од средствата беа наменети за обнова на опремата и подобри материјалнии бенифиции за војниците. Кина отсекогаш е на патот за мирен развој и нема да се заканува на ниту една земја, истакна Џанг.
Кина минатата година за одбрана издвои 164,60 милијарди долари, што е околу едначетвртина од воениот буџет на САД.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
