Кина: Ја разбираме и поддржуваме шпанската влада
Кина ги разбира напорите на шпанската влада за зачувување на националното единство и спротивставување на активностите за распарчување на државата, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг.
Позицијата на Кина за ова прашање е јасна и цврста, рече Хуа, повторно укажувајќи на поддршката што Кина претходно и ја изрази на Шпанија.
- Ние сметаме дека ова е внатрешно прашање на Шпанија и ги разбираме и поддржуваме напорите на шпанската влада да го заштити националното и народното единството и територијалниот интегритет. Се спротивставуваме на актите со кои се распарчува државата и се крши владеењето на правото. Веруваме дека Шпанија има можност да го зачува општествениот поредок и да ги гарантира граѓанските права во рамки на законите, изјави Хуа.
Каталонски парламентот во петокот изгласа независност, по што шпанскиот Сенатот и одобри на владата на премиерот Маријано Рахој да воспостави директна контрола над Каталонија.
Покрај тоа што Рахој ја распушти владата на Каталонија, тој го распушти и регионалниот парламент и закажа регионалните избори за 21-ти декември.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци