Кина има најголема дипломатска мрежа во светот

Индексот на глобална дипломатија за 2019 година, кој еднаш годишно го составува австралискиот Институт Лови, покажува дека Кина за првпат ја зазеде водечката позиција на списокот на најголемите дипломати во светот и ги надмина САД, што укажува на растечките меѓународни амбиции на Пекинг.
Австралискиот институт информира дека Кина има 276 дипломатски места низ целиот свет, малку повеќе од САД, со 273. Двете држави имаат еднаков број амбасади, но Пекинг има малку повеќе конзулати од САД.
Кина за две години ја зголеми својата меѓународна дипломатска мрежа за пет дипломатски места, отворајќи седум нови мисии, а затвори две.
Уште во 2016 година, Кина беше трета во светот по бројот на дипломатски претставништва, зад САД и Франција, а во 2017 година втора надминувајќи ја Франција.
Наспроти силниот пораст на Кина на листата на најголемите светски дипломати, Тајван затвори најмногу дипломатски претставништва во изминатите неколку години. Од 2016 до 2019 година, нивниот број падна од 22 на 15.
Меѓу првите 10 земји со најголема дипломатска мрежа во 2019 година, по Кина и САД се и Франција (267 дипломатски места), Јапонија (247), Руската Федерација (242), Турција (234), Германија (224), Бразил (222), Шпанија (215) и Италија (209).
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
