Кина го прекина увозот на свинско месо од Холандија
Кина го прекина увозот на свинско месо од Холандија, поради појавата на Ковид-19 во некои од најголемите холандски кланици, изјави денеска портпаролката холандската Влада Елис ван Ден Бош.
Кина воведе забрана за месо од четирите најголеми кланици уште во неделата, без посебна причина, но се претпоставува дека тоа е поради работниците кои се заразени со коронавирусот, рече таа.
– Јасно е дека Кина го бара изворот на вториот бран на заразата со Ковид-19, кој може да биде преку увезено месо. Сепак, нема специфични докази за можен пренос преку храна или материјали за пакување, рече Ван ден Бош.
Како што наведе, холандската Влада ќе одговори на барањето на Кина да спроведе понатамошна инспекција на кланиците.
Во кланиците во Холандија, но и низ цела Европа, работат претежно мигранти кои стојат блиску едни до други и честопати делат тесни станбени објекти, што доведе до ширење на коронавирусот во последните месеци.
Холандија извезува големи количини свинско месо во Кина, а само минатата година извезе 299.000 тони месо во вредност од 335 милиони евра.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ