Кина го критикуваше извештајот на американската администрација
Кина денеска го критикуваше извештајот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, каде Пекинг е оквалификуван како потенцијален нуклеарен противник, повикувајќи го Вашингтон да го намали неговиот многу голем нуклеарен арсенал, како и да се приклучи кон промовирањето на регионална стабилност.
Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека конескиот нукеларен арсенал е на „ниво на минимум“, од потребите за безбедноста.
Министерството истакна дека Кина никогаш нема да биде прва која ќе употреби нуклеарно оружје „под никакви околности“.
Во новата американска нуклеарна стратегија, што беше објавена во петокот, наведено е дека Вашингтон сака да го спречи Пекинг да не донесе погрешен заклучок дека „каква било употреба на нуклерано оружје, па и ограничена, е прифатлива“.
- Кина изразува цврсто спротивставување кон тој извештај, посочи портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Рен Гуодџанг.
Рен изрази очекување дека САД ќе го напуштат „ладно воениот менталитет“ и ќе преземат одговорност за нивната нуклеарна програма.
Како што претходно јави МИА, САД соопштија дека поради загриженоста од растот на нуклеарниот арсенал на Русија, ќе ги прошират сопствените нуклеарни капацитети.
Ново на Сител
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска
-
Француски осуденик држи неколку вработени во затворот како заложници
-
Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум
-
Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет
-
Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев