Македонија
11. August 2015 - 16:52

Кина донираше опрема за спасување

Амбасадата на Кина донираше опрема за спасување и заштита при природни катастрофи. Четири моќни чамци, 300 заштитни одела, шлемови, чизми и останатата опрема, наменета за Дирекцијата за заштита и спасување беше примена денеска во касрната “Гоце Делчев”.

Директорот на ДЗС Шабан Салиу потенцираше дека оваа донација е резултат на долгогодишната соработка со амбасадата на НР Кина во Македонија.

Амбасадорот на Кина изрази верување дека опремата за спасување од Кинеската помош нема да биде само доказ за пријателската соработка на двете земји, туку и дека ќе означи нов почеток на взаемна помош.

Дирекцијата за заштита и спасување во последните години има набавено 30 противпожарни возила, осум џипови со специјална опрема за гаснење пожари, како и три авиони “Ер Трактор”.

Директорот Салиу информираше и дека преку проектот на механизмот за цивилна заштита во Италија, дирекцијата ги доби најмоќните пумпи што постојат во овој момент во Европа, со капацитет од 40.000 литри вода во минута.