Џет-Сет
6. October 2015 - 14:00

Ким Кардашијан: Бременоста за мене е најлошото искуство во животот

Ким Кардашијан (34) која е во седмиот месец од бременоста проговори за тоа колку не и се допаѓа како изгледа кога е бремена.

- Ќе бидам искрена. За мене бременоста е најлошото искуство во животот - напишала Ким и додала колку и е фасцинантно, нејзиното тело се зголемува и ништо веќе не и стои и не ја собира.
 
- Дали знаете дека после бременоста морате да носите пелени два месеци? Многу секси - напишала мајката на двегодишниот Норт Вест која не се чуствува секси во текот на бременоста. Неодамна откри и дека намерно носи долги капути како би ги покрила здебелените раце и задник.
 
- Се чуствувам несигурно и одвратно - додала Ким, која пред неколку седмици рече дека научила да го сака своето тело во таа фала, се фотографираше гола пред огледало и ги објави фотографиите.