Македонија
3. September 2020 - 18:30

Километарски колони за влез во Скопје пред Автокоманда

Километарски колони се создаваат во моментов пред Автокоманда на влезот во Скопје поради сообраќајна несреќа.

Во моментов полициски службеници вршат увид на сообраќајка помеѓу камион и автомобил марка Голф.

За влез во Скопје се чека дури и по 50-тина минути. Колоната е долга неколку километри, јавуваат нашите читатели кои ни ги испратија и овие фотографии.

Повеќе информации за сообраќајната несреќа подоцна.