Македонија
2. August 2015 - 17:17

Kилометарски колони на наплатните рампи и нервозни туристи

Киломентарска колона со возила на патарината кај Куманово. Празничниот викенд и годинава се покажа како омилен термин кај туристите од регионот за пат кон омилената дестинација, на езеро во Охрид или на Море во Грција. .

Како што велат, на македонскиот дел од граничниот премин Табановци чекале по десетина минути, но затоа за да стигнат до наплатната рампа чекаат и по 45 минути.Имаше и такви кои Nнаместо на море решиле да го истражуваат Балканот.

Полициските службеници кои го контролираа сообраќајот велат дека гужвите на патарината доаѓаат во бранови. Затоа што не сите тргнуваат на пат во исто време.