Кикиљас: Летната сезона во Грција ќе почне порано од кога било досега, на 1 март
Одлуката Грција да го укине задолжителниот тест за влез во земјата, ја коментираше министерот за туризам Василис Кикиљас, кој рече земјата испраќа силна порака за безбедност до нејзините посетители со валиден европски сертификат, јави дописничката на МИА од Атина.
-Нашата земја оваа година ги презема сите неопходни подготвителни чекори за да ги пречека нашите посетители за летната сезона, порано од кога било досега, почнувајќи од 1 март. Грчкиот туризам докажа извонредна издржливост во изминатите две години, испраќајќи силна порака за безбедноста на патниците во нашата земја. Истото ќе го направи и оваа година, порача Кикиљас.
Како што претходно објави МИА, министерот за здравство на Грција Танос Плеврис претпладнево соопшти дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
