Кикбоксерот Илиоски против Петров на профи - борба во Варна на високо рангираниот СЕНШИ турнир
Во исто време Македонската Кик Бокс Маитаи феферација на два настана во две различни земји. Во соседна Бугарија во градот Варна и во Босна и Херцеговина во градот Сараево.
За Бобан Илиоски имаше пратено понуда која ја прифативме за учество во профи борба во Бугарија на престижниот високорангиран турнир „SENSHI“кој е 11 ти по ред и се одржува секоја година каде покана добиваат и се борат најдобрите и најатрактивни борци медалисти кои покажале добра борба и постигнале успех во своите официјални WAKO Кик Бокс, IFMA Mai Tai i Kjokoshikaj првенства. Борбите ке бидат за освојуванје на SENSHI шампионскиот појас.
Мечот на Бобан Илиоски е против WAKO шампионот Александар Петров кој важи за еден од најдобрите борци во Бугарија.
Борбата е на 85 кг во градот Варна, Бугарија и ќе биде 3 рунди по 3 минути со можност за продолжување од 1 минута доколку е нерешено.
Ваквите борби за борци како Бобан и Диме се единствени каде они можат да напредуваат и се подготвуваат правејќи борби со некои борци кои се рамни на нив за да бидат подготвени за официјалните настапи на наши светски и европски првенства.
На настанот ќе земат учество елитни натпреварувачи шампиони во различни боречки спортови и тренери и инструктори од Бугарија, Русија, Молдавија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Украина, Холандија, Германија, Иран, Шпанија, Полска, Италија, Естонија и Романија во 11 борби.
Борбите ќе бидат за освојување на СЕНШИ шампионскиот појас. На СЕНШИ овде се почесни гости и светските иминја во Кик Боксот: Семи Шулц, Питер Артс и Ернесто Хост. И они ке ги доделуваат појасите на шампионите. Од нашата држава поканети се: натпреварувачот Бобан Илиоски и тренерите Дејан Митровски и Драган Атанасовски.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух