Киев огорчен поради изјавата на Марин Ле Пен за Крим
Украинското Министерство за надворешни работи изрази огорченост поради изјавата на кандидатот за претседател на Франција на екстремно десничарскиот Национален фронт, Марин Ле Пен, дека анексија на украинскиот полуостров Крим од страна на Русија „не е илегална".
Како што јави ТАСС, во својата реакција изјавите на Ле Пен, Министерството ги нарече „непочитување на соверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.
- Слични изјави и активности што го нарушуваат украинското законодавство, задолжително ќе имаат последици како што веќе беше случај со одделни француски политичари, на кои им беше забрането да ја посетуваат Украина, стои во соопштението.
Украинската служба за безбедност веќе испратило писмо до Министерството за надворешни работи во врска со забраната за влез на Марин Ле Пен во земјата.
Се очекува одлуката за забраната да биде донесена уште денеска.
Марин Ле Пен во интервју за телевизијата БФМ ТВ изјави дека анексија на украинскиот полуостров Крим од страна на Русија „не е незаконска".
- Јас апсолутно не верувам дека постои илегална анексија. Имаше референдум, народот на Крим сакаше да и се приклучи на Русија, истакна лидерот на екстремнодесничарската партија.
Стратешкиот полуостров во Црното Море беше анектиран од страна на Русија во март 2014 година, по воената интервенција, по што следеше референдум за приклучување кон Русија, кој беше оценет како илегален од страна на Киев и на Западот.
Ова анексија ја предизвика најголемата тензија меѓу Западот и Русија по завршувањето на Студената војна. Во знак на одмазда, САД и Европската унија воведоа серија економски санкции кон Москва, кои се уште се во сила. Франција во рамки на санклциите ја поткажа продажбата на двата веќе завршени носачи на хеликоптери од типот Мистрал на Русија.
Ле Пен во интервјуто, исто така, повика и на воспоставување на „стратешки односи“ меѓу Франција и Русија во рамки на борбата против групата Исламска држава.
Ново на Сител
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна
-
Студентите во блокада официјално поднесоа барање до Собранието во врска со РТС: „Протестот ќе трае додека не го исполните“
-
Девојчето од Куманово по кое се трагаше вчера наместо во градски, влегло во автобус за Скопје
-
Ајнтрахт е подготвен да го пушти Екитике за 100 милиони евра
-
Политико: Градот Брисел во криза, губи четири милиони евра дневно поради насилство и политички хаос
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица: Политички паразити
-
Судија ја суспендира одлуката на Трамп за укинување на правниот статус за 532.000 имигранти
-
Детектирана ХББ кај 28,5 отсто од 1.031 испитаник во државава