Македонија
27. September 2018 - 15:46

Кичевските пожарникари со нови униформи

Во Кичево денеска беа презентирани нови униформи за припадниците на Противпожанарната територијална единица во овој град.

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари истакна дека пожарникарите денеска сосема заслужено добија нови униформи.

- Со ова сакавме колку толку да покажеме внимание кон овие луѓе кои секогаш се подготвени да се жртвуваат за да спасат животи од опасност. Ние се трудиме тие да имаат и друга потребна соодветна опрема, но од денеска тие добија нови униформи кои се специјални и соодветни на нивната природа на работа потенцираше, Дехари.