Кичевската полиција заплени огревни дрва кои биле предмет на шумска кражба

Четири метри квадратни огревно дрво одзеде полицијата од нива во атарот на кичевското село Мамудовци. Дрвата биле без соодветна документација и предмет на шумска кражба, а ги поседувал Д.З.(40), жител на селото Туин.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, акцијата биле спроведена синоќа околу 22 часот, а со Д.З., Б.Т.(29) од Мамудовци, Л.З.(18) и Б.М.(27) од Туин, како и со М.Т.(51) од Мамудовци бил извршен разговор во Полициското одделение Осломеј, бидејќи тие, во 21.40 часот, со своите возила го блокирале локалниот пат во Мамудовци за да ги спречат полициските службеници да го одземат товарното возило со дрвата.
По целосно документирање на настанот, рече Димоски, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
Според портпаролот, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице во вршење службени дејствија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.В.(38) од Кичево кој на 13 септември годинава, на шумски пат кај кичевското село Кнежино, со физички напад се обидел да спречи полициски службеници во преземање службени дејства кон возач на товарно возило кој превезувал 15 метри квадратни огревно дрво без соодветна документација.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
