Кичевец во притвор поради силување

Полициската станица во Кичево поднесе кривична пријава против 19-годишниот Р.Х. од кичевското село Осој поради основано сомнение дека извршил силување.
Него му е одредена мерка притвор во траење од осум дена и пренесен е во општинскиот затвор во Битола.
Тој се сомничи дека на 6 овој месец со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба 19-годишната А.С. од Кичево. Тој ја нападнал девојката од зад грб и ја соборил на земја, но откако не успеал во намерата, избегал.
- Во консултации со јавен обвинител, Полициската станица од Кичево ги презеде неопходните мерки за пронаоѓање на сторителот. На 13-ти овој месец, Р.Х. е лишен од слобода, а потоа во присуство на јавен обвинител извршено е соочување со пријавениот и негово препознавање од страна на оштетената девојка, информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
