Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
Обвинителството презентира нови докази од камерите поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев на денешното рочиште за двојното убиство на Панче и Вања.
Се прегледуваа снимки од шест ЦД дискови од безбедносните камери. Од нив се гледа дека на 21-11-2023, ден пред убиството на Панче, обвинетите се собрале во куќата на Манев. Утврдено е дека Боре Видевски доаѓа со свој автомобил, а Љупчо Палевски и Влатко Кешишев со рено кангуто на партијата Десна.
По извесно време обвинетите се гледа од снимката како прават некаква организација, внесуваат работи во кангуто, Кешишев се прекрстува и за кусо време се упатуваат во правец кон Велес.
Починатиот Панче Жежовски првично се водеше за исчезнат, се додека не беше пронајдено неговото возило цитроен запалено кај Бразда на неколку метри од местото каде била закопана Вања. Жежовски е пронајден закопан кај местото Рудник, на патот помеѓу Велес и Скопје, убиен со пиштол.(П.А.)
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа