Кешишев: Мислев дека копаме злато, Велибор ми рече никој не треба да знае може да летаат глави
Денеска во Судот со исказ на обвинетиот Влатко Кешишев продолжи судењето за грабнувањето и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.
„Моја обврска беше да готвам и да давам поддршка за партијата кога беше движење. Не примав плата и не се жалам бидејќи беше акција да се формира партија. Ме бараа во Хрватска, но бидејќи се залагав за партијата останав. Панче и Вања не ги знам, ги видов на Фејсбук кога се се заврши. Да, учестував во копање на дупка во Велес во 2022 година. Дојде Велибор во работни алишта, а Палчо беше во партија. Ми рече да отидам да му помогнам, но не знаев за што се работи. Велибор обележа еден круг и почна да копа а јас ја исфрлав земјата. Мислев дека бараме злато. Копавме до одредена длабочина и се вративме. Веља по некое време ми рече “за ова не треба никој да знае може глави да летаат, дупката е наменета за киднапирање“, раскажа Кешишев во судницата.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?