Свет
29. September 2015 - 20:18

Кери: Русија може да стане цел на ИД

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Русија може да стане цел на борците од групата Исламска држава. 

- Доколку не пронајдеме начин да ги обединиме силите за борба против ИД, а и Русија самата се бори против неа, претпоставете што ќе се случи? Русија ќе стане цел. Русија ќе ги види терористите со минофрлачи, ќе види како паѓаат авиони од небото. И како и Асад и таа ќе се претвори во магнет за џихадистите, смета Кери.

- Треба да се обединиме против екстремистите. И Асад треба да си замине од власт. Сето тоа зависи од еден човек и Русија и Иран не треба да го успоруваат процесот, кој е поврзан со еден човек, нагласи Кери.

На прашањето дали е можен сојуз меѓу Русија и САД против ИД, Кери одговори дека се отворени сите можности.

- Се е на маса. Доколку се разбереме со Асад и транзицијата на Сирија тогаш тоа ќе биде можно, рече Кери.