Кери: Пронаоѓање решение за конфликтот во Сирија е еднакво на пронаоѓање излез од пеколот
Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека пронаѓањето на решение за конфликтот во Сирија е еднакво на пронаоѓање излез од пеколот, јави ДПА.
- Предизвиците со кои сме соочени денеска е да пронајдеме излез од пеколот, рече Кери во говор за надворешната политика, кој го одржа во Центарот за истражување на мирот „Карнеги“ во Вашингтон.
Меѓународната заедница треба да дејствува во две насоки, да ја зајакне борбата против Исламска држава и дипломатските напори за политичко решавање, кои го исклучуваат сирискиот претседател Башар ал Асад.
- Нема да биде лесно да се постигне напредок во однос на прашање за Сирија. Тоа нема да се случи автоматски, но тоа е најветувачката можност за пронаоѓање политичко решение, рече шефот на американската дипломатија во врска со преговорите, кои почнуваат денеска во Виена.
На преговорите ќе учествуваат министрите за надворешни работи на САД, Русија, Саудиска Арабија и Турција и прв пат се очекува да се вклучи и Иран.
Ново на Сител
-
Задолжителниот воен рок во Хрватска ќе започне кон средината на следната година
-
Приведен криумчар, пронајдени 10 мигранти
-
Без струја утре делови од општините Сарај и Бутел
-
Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија
-
Зеленски му наложил на украинското МНР да воспостави контакти со новата влада во Сирија
-
Пакетомати и на македонскиот поштенски пазар
-
Романија доби нова проевропска влада
-
Медиуми: Трамп се подготвува за повлекување на САД од СЗО