Свет
31. March 2016 - 8:41

Кери и Ердоган ја разгледаа ситуацијата во Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа ја разгледаа ситуацијата во Сирија, информира портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, додавајќи дека средбата била „куса“. 

Според Кирби, цитиран од ТАСС, двајцата разговарале за „континуираните напори за постигнување политички преод во Сирија“ и дале проценка за „напорите на коалицијата за истоштување и уништување на Даеш (Исламска држава) во Сирија“.

Двајцата лидери го разгледале и „напредокот, постигнат на копно во борбата со џихадистите, и патиштата за зацврстување на соработката против оваа општа закана“. 

Ердоган е меѓу повеќето странски лидери, кои пристигнаа во Вашингтон на светскиот самит за нуклеарна безбедност.