Свет
9. April 2016 - 20:17

Кери ги повика талибанците да се вклучат во мировниот процес во Авганистан

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ги повика талибанските бунтовници да се вклучат во мировниот процес.

- Ние ја разгледавме заедничката цел за отпочнување на мировни преговори со талибанците. Ги повикуваме талибанците да учествуваат во мировниот процес, со кој ќе биде ставен крај на конфликтот, кој го разурнува Авганистан од 2001 година, изјави Кери на заедничката прес-конференција со авганистанскиот претседател Ашраф Гани во Кабул.

Џон Кери денеска пристигна во ненајавена посета на Авганистан. Тој ќе се сретне и со авганистанскиот премиер Абдула Абдулах.