Керби: Кери и Лавров зборуваа за „кревкоста“ на сириските преговори

Американскиот државен секретар Џон Кери вчера телефонски разговарал со својот руски колега Сергеј Лавров за „кревкоста“ на спогодбата за прекин на огнот во Сирија, изјави на прес конференција портпаролот на Стејт департментот Џон Керби, цитиран од британските медиуми.
Пред тоа, Кери изјави дека САД се на прагот да ги прекинат преговорите со Русија, а Керби додаде дека „тоа не е празна закана“.
- Државниот секретар навистина вчераутро разговараше со министерот Лавров за ситуацијата во Алепо, за кревкоста на спогодбата што ја постигнавме претходно овој месец во Женева, изјави портпаролот. „Подготвени сме да пристапиме кон нејзино прекинување“.
Кери, вчера, на форум во Вашингтон, изјави дека нема други алтернативи освен политичко и дипломатско надминување на сирискиот конфликт, пренесе ТАСС.
„Исполнувањето на заканите на Вашингтон за прекин на заедничките активности со Руската федерација во Сирија ќе претставува најдобриот подарок за терористите“, вчера на Фејсбук напиша портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Ново на Сител
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
-

Трамп вели дека Кушнер и Виткоф одат во странство за да разговараат за мир во Украина
-

Во Загреб ќе се одржи голем протест поради нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад
-

Сончево и топло, со температури до 37 степени
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
