Келнер, сведок на нападот: Се заклучивме во кафулето, стравувавме за нашите животи
Џими Ероглу (42) работел како келнер во неговото кафуле во близина на местото на нападот што се случи синоќа во Виена. Одеднаш, вели тој, луѓето масовно втрчаа кон кафулето.
„Моите гости беа надвор и одеднаш сите истрчаа внатре. Отидов да видам што се случува, тие ми рекоа дека има пукање”, изјави Ероглу за Си-Ен-Ен.
Тој сведочи дека потоа ѕирнал низ вратата и слушнал околу 15 истрели.
„Не можам да верувам дека сите се плашевме за својот живот“, вели тој.
Ја заклучил вратата и им рекол на сите да останат внатре. Три минути подоцна полицијата стигнала на лице место.
„Ова е нешто што го гледаме во Америка, Ирак и Авганистан, не тука во Австрија“, раскажа Ероглу.
Нападот во центарот на Виена го изврши најмалку еден исламистички терорист, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер.
Полицијата соопшти дека тројца минувачи биле убиени во нападот, а еден напаѓач е убиен страна од полицијата.
Напаѓачот бил симпатизер на Исламска држава, рече Нехамер утрово на прес-конференција.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час