-->
-->
„КЦ 750: Турни ме да кинисам“ вечер во МКЦ
-->
Во Младинскиот културен центар вечер ќе се одржи настанот „КЦ 750: турни ме да кинисам“, на кој ќе биде претставен проектот КЦ 750 на Иван Шопов и Владимир Лукаш – приказна за едно фиќо што кога ќе порасне сака да стане културен центар.
Како што наведуваат организаторите, целта на проектот, поддржан од Министерството за култура е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени.
- КЦ 750 преку мобилниот концепт ќе се обиде на неконвенционален начин не само да го надополни недостигот на независни културни простори и точки во Скопје, туку и да понуди децентрализирачки концепт на ширење на културата, велат авторите на проектот.
Културниот центар „ќе го турнат да киниса“ повеќе автори од земјава и гости од странство кои ќе читаат поезија и кратка проза во рамки на тн „Астални проекции“: Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Владимир Лукаш, Милена Илиќ, Николина Андова Шопова, Васко Марковски, Ива Дамјановски, Ѓорѓи Крстевски и Иван Шопов.
Ѕвездан Георгиевски, поранешен сопственик на Застава 750, во рубриката „Слушај паталец“ ќе зборува за фиќото како културен феномен, како и за мини-книгата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750“ од Иван Шопов. Книгичката ќе се продава по цена од 100 денари, а собраните средства ќе бидат употребени за одржување на фиќото-културен центар, кое е познато како табиетлија меѓу автомобилите.
Настанот ќе го заокружи вокално-инструменталната банда „Фиќести трубадури“, во состав: Ана Голејшка Џикова, Васко Марковски, Дејан Шкартов, Душан Кировски и Владимир Лукаш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа