Македонија
11. August 2015 - 19:29

Казни за три угостителски објекти во Охрид поради преголема бучава

Во три угостителски објекти измерено надминување на граничните вредности на дозволена бучава и нарушување на јавниот ред и мир.

Мешањето на прегласната музика и надвикувањето од ноќните клубови се најчестите поплаки на граѓаните од централното градско подрачје и периферните делови.

Во изминатиов период во 7 акции прекршителите заработиле прекршочни пријави а засилени контроли има и во делот на поставувањето на урбаната опрема.

Туристите пак кои престојуваат во Охрид  велат дека во градот е мирно и тивко во споредба со останатите туристички дестинации.

Согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, оној што  го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, ќе заработи парична казана од 200 до 500 евра за правно лице глобата изнесува од 500 до 1000 евра додека пак од 500 до 800 евра  за трговец поединец кој врши угостителска дејност.