Свет
10. October 2016 - 11:10

Казнев: Велика Британија да ги прифати децата од кампот Џунгла

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави денеска дека Велика Британија би требало да ги преземе сите деца од бегалскиот камп Џунгла во Кале, кои имаат семејни врска во Британија.

- Ја молам Британија да постапи согласно својата морална должност, изјави Казнев за радиото РТЛ, пред посетата на Лондон.

Според неговите зборови, во тој камп има стотици деца со семејства во Велика Британија.