Македонија
3. January 2021 - 9:43

Казнети 537 граѓани за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (02/03.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Kовид-19.