Македонија
12. July 2021 - 11:41

Казнети 504 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (11.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 504 возачи. Од нив, 54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 73, а потоа на територија на СВР Штип - 62, на територија на СВР Битола – 61...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.