Казнети 238 пешаци за непочитување на сообраќајните правила
Во текот на вчерашниот ден (17.10.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 238 пешаци од кои, 225 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин...
На 107 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука.
За време на контролата регистрирани се и 96 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.
Ново на Сител
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
-

Тешко повреден пешак кај ТЦ „Беверли Хилс“, возачот во бегство | ФОТО
-

Семејството на трагично загинатиот Стивен Ивановски во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци
-

Средното стручно образование сè попривлечно, континуиран раст на буџетот за наука
-

Лажен доктор измамил 77-годишен виничанец за сума од над 430.000 денари
