Македонија
4. August 2016 - 18:55

Казнет препродавач на бостан

Државниот инспекторат за земјоделство поднесе пријава против Н.Н. откако го затекнал како продава 9.600 килограми бостан на несоодветно место во Струмица, му ја запленил целата количина и го казнил со 800 евра глоба.

Како што соопшти Инспекторатот, Н.Н. не поседувал дозвола за пласман на лубениците.

Државниот инспекторат најавува уште позасилена контрола за, како што наведува, да бидат заштитени регистрираните производители ит рговци со зеленчук и овошје.