Казнени налози против 19 лица од Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка пред надлежен суд против вкупно 19 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Скопје
– Имено, 18 од обвинетите биле затекнати при непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, додека еден обвинет не постапил по Решението со кое му била определена задолжителна самоизолација, истакнуваат од обвинителство.
За сите обвинети Јавното обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-

Мицкоски на светскиот економски форум во Давос
-

Утре повторно протест пред Усје
-

Обвинетите тврдат, немало план за убиството во Штип
-

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро одбележан Денот на рибарите
-

Трипуновски: Младите да ги искористат поволностите и рентабилноста на тутунопроизводството
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов
-

Анел Фидоски е избран за шеф на скопското јавно обвинителство
