Казната на Јувентус ќе биде преразгледана на 22 мај
Италијанското спортско правосудство ќе ја преразгледа на 22 овој месец казната со одземање 15 бодови на фудбалскиот клуб Јувентус поради наводни сметководствени измами.
Апелациониот суд во јануари донесе одлука за одземање 15 бодови на Јувентус, откако торинскиот клуб беше прогласен виновен за стекнување капитална добивка на незаконски начин при трансфер на свои играчи и „сметководствени малверзации“.
Јувентус вложи жалба по која изречената казна беше суспендирана на 20 април и на клубот му беа вратени одземените бодови.
Случајот е вратен во Федералниот апелационен суд на нова постапка, бидејќи се бараат појаснувања и измени врз основа на нови докази.
Италијанските медиуми пренесуваат дека се очекува Јувентус да добие помала казна и да му бидат одземени девет бодови, а според истите извори останува засега нејасно дали тоа ќе се одложи за следната 2023/24 сезона .
Ново на Сител
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
-

Почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала
-

Напади во повеќе земји на Блискиот Исток и покрај објавеното примирје
-

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!
-

Кривична за 27-годишник, во неговиот дом пронајдени 24 пакувања со марихуана и 13 пакувања со кокаин
-

Израел се придружува кон двонеделниот прекин на напади врз Иран, но Либан е исклучен од примирјето
-

Сиљановска-Давкова по повод 8 Април: Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество
