-->
-->
Казна, кошаркарите на Панатинаикос од Истанбул се вратија со автобус
-->
Кошаркарите на Панатинаикос по само три натпревари се елиминирани во четвртфиналето од Евролигата, од Фенербахче, иако тие ја имаа предноста на домашниот терен.
Поради елиминацијата од Евролигата, по само три натпревари, претседателот на „зелените“ од Атина, Димитрис Јанакопулос, се реши за несекојдневен потег, ги откажал авионските билети и кошаркарите дома ги врати со автобус.
Истанбул е оддалечен од Атина 1.100 километри, а Јанакопулос смета дека додека патуваат ќе имаат доволно време да ги согледаат своите грешки.
Инаку, Јанакопулос пред почетокот на четвртфиналето им вети на играчите на Панатинаикос бонус од 250.000 евра доколку се пласираат на завршниот турнир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана
-
Кипар активира систем за алармирање и засолништа поради судирот Израел-Иран
-
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма
-
Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град
-
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид на тетовско училиште
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата