Казахстан и МААЕ создаваат меѓународна банка за ураниум

Казахстан, кој поседува 20 отсто од светските резерви на ураниум, потпиша вчера со Меѓународната агенција за атомска енергија спогодба за создавање банка за нискозбогатен ураниум под меѓународна контрола, која ќе го гарантира снабдувањето на централите и ќе помага во борбата против ширењето на нуклеарни материјали.
Банката, која ќе биде управувана од МААЕ и ќе се наоѓа во градот Оскемен во источен Казахстан ќе почне да функционира во 2017 година.
Таа ќе располага со буџет од 150 милиони долари за период од десет години.
Според МААЕ банката може да складира до 90 тони нискозбогатен ураниум, кој ќе може да се користи како гориво за нуклеарни реактори на земји-членки на Организацијата, кои не можат да го купат на пазарот.
САД ги поздравија спогодбата и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев за неговата водечка улога во областа на неширење на нуклеарно оружје над 20 години.
Ново на Сител
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
