Македонија
10. July 2024 - 19:06

Кавадаречки пожарникари помагаат при гаснење на пожарот во Пепелиште

Кавадаречки пожарникари заминаа да помогнат при гаснење на пожарот во Неготинско, информираа попладнево од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. 

- Во пожарот што го зафати просторот близу неготинското село Пепелиште,  интервенираат и пожарникари од ТППЕ Кавадарци. Со три возила, шест пожарникари и цистерна од ЈП ,,Комуналец" Кавадарци, се помага во гаснење на големиот пожар, се додека истиот не се стави под контрола, соопштија од Противпожарната единица. 

Пожарот кај Пепелиште има зафатено површина од околу 300 хектари и се очекува да пристигне и хеликоптер за помош при гаснењето.