Кавадарци субвенционира печење на ракија на плин
Општина Кавадарци ќе ги субвенционира кавадарчани кои ќе го променат системот за загревање на казаните за печење на ракија и во иднина наместо дрва ќе користат плин, се со цел намалување на загаденоста.
Врз основа на одлуката за надоместување на трошоци на граѓаните на територијата на општина Кавадарци за набавка на горилник на плин за печење на ракија од буџетот на општина Кавадарци за 2017, локалната самоуправа објавува јавен повик на кој можат да се пријават сите заинтересирани за субвенционирање.
- Општина Кавадарци заради стимулирање на граѓаните за користење на обновливи извори на енергија кои минимално го загадуваат воздухот и не влијаат на климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства за набавка на корилник на плин за печење на ракија, стои меѓу другото во јавниот повик.
Субвенционирањето важи за сите оние кои ќе го сменат системот за греење на казаните и ќе поднесат барање за искористување на правото за надоместок, од денеска па натаму, се до исцрпувањето на буџетот за таа намена, кој изнесува шестотини илјади денари.
Средствата што ќе се надоместуваат, се во износ од пет до десет илјади денари, во зависност од уредот кој ќе се набави.
За спроведување на постапката, ќе се грижи комисија формирана од страна на градоначалникот Александар Панов.
Ново на Сител
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Медиуми: Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико