-->
-->
Кавадарци: Приведени сопружници и уште две лица, пронајдена разновидна дрога
-->
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци вчера ги лишиле од слобода З.З.(41) и неговата 37-годишна сопруга Ф.М.З. од Кавадарци и Џ.Н.(32) и Л.М.(56), двајцата од Велес.
- При претрес во домот на З.З. во Кавадарци, извршен со судска наредба, лицата биле затекнати како користат наркотична дрога, по што во домот биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, зелена растителна материја, жолта прашкаста материја и други предмети со остатоци од дрога, соопшти МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот