Кавадарци оддава почит на загинатите во дискотеката во Кочани
Кавадарци денеска оддава почит на загинатите во дискотеката во Кочани. Организаторите на настанот ги повикаа кавадарчани, со цвеќе или свеќа, да дојдат на градскиот плоштад.
Истовремено, на Фејсбук страница посветена на градот Неготино, се повикува на донација за ужалените семејства со починати и повредени деца.
- Секој што може да остави како донација во форма на аналгетици, мелеми за изгореници, чиста памучна постелнина, завои, течности за отоци и слично, слободно пишувајте предлози. Во последниот дуќан од пазарот што го држи Здружение ,,Надеж Мит" во текот на цела недела ќе се собира донација, што потоа лично ќе биде однесена до Кочани, се вели во објавата.
Бројни настани што беа закажани во Кавадарци за оваа седмица, се откажани поради трагедијата во Кочани.
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!