Кавадарци одбележа 40 години музејска дејност
Во чест на 40 години музејска дејност во Кавадарци, синоќа беше промовирана фотомонографија од авторите Петре Камчевски и Томе Крстевски. Издавач е Музеј галеријата на Кавадарци, со финансиска поддршка од Министерството за култура и општината Кавадарци.
Петре Камчевски, кој е советник-историчар и директор на кавадаречкиот музеј рече дека во изминатите четири децении оваа културна установа реализирала многубројни проекти од областа на историјата, издаваштвото, етнологијата, археологијата, историја на уметноста и слично.
- Со средства од Европската унија од ИПАРД програмата за меѓугранична соработка меѓу општина Кавадарци и општина Воден од соседна Грција, во поранешната зграда на Офицерскиот дом од Кавадарци беше извршено реновирање на просториите. Ги адаптиравме во нов музејски простор, во кој презентиравме повеќе од 500 археолошки, историски, етнолошки предмети, како и уметнички слики поврзани со традиционалната тиквешка храна. Во просториите на новиот музеј е сместена Спомен-соба на Васил Хаџи Манов, еден од најголемите македонски етномузиколози. Само за период од 9 месеци новиот музеј во Кавадарци го посетија повеќе од 9.000 посетители, нагласи Камчевски.
Промотор на фотомонографијата, директорката на Музејот на Македонија Мирјана Нинчовска нагласи дека монографијата содржи 205 фотографии.
- Музејот во континуитет негува една традиција на добар домаќин, овозможувајќи и на кавадаречката, но и на пошироката публика, да допре на различни начини до уметничкото, културното и историското наследство. Се мисли пред се на тиквешкото, но и на културно-уметничкото и историското наследство од национален интерес, рече Нинчовска.
Градоначалникот Александар Панов нагласи дека е создаден значителен опус на творби што, како што рече, тешко ќе бидат надминливи за сите други.
- Меѓутоа имаме доволно млади во тој музеј, кои ќе се трудат во понатамошниот период да се натпреваруваат со делата и тоа што е постигнато досега, рече Панов. Додаде дека интензивно се вложува во културата во изминатите неколку години, а Музејот на вкусовите е еден од најпосетуваните во регионот.
Томе Крстевски, етнолог во Музејот, изрази задоволство што е коавтор на монографијата „Музеј-галерија 1976-2016“, која, како што рече, е сведок за културното движење на овие простори.
- Како нови кадри во Музеј галеријата ќе продолжиме со музејската дејност, нагласи Крстевски во 3Д салата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.
Во музичкиот дел од свечената академија по повод 40 години музејска дејност, настапија дуо „Грациозо“ и триото „Ад либитум“.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек