Кавадарци го промовираше проектот „Мој општинар”
Општина Кавадарци денеска го промовираше проектот „Мој општинар”, за кој градоначалникот Митко Јанчев рече дека ќе биде во интерес на кавадарчани, оти побрзо ќе се решаваат евентуалните проблеми.
- Десетте општинари од кои еден за порурални средини, почнуваат со работа од утре. Станува збор за веќе постоечки вработени во локалната самоуправа, појасни Јанчев.
Кавадарчани ќе бидат запознати кој е општинарот за нивниот реон и кај него ќе се обраќаат за проблемите, ќе имаат телефонски и електронски контакт од него.
- Општинарите ќе ги сумираат проблемите во нивната работна просторија и електронски ќе ги испраќаат до раководителите на сектори од администрацијата. Раководителите ќе треба да реагираат најдоцна за 24 часа, рече Јанчев.
Секој четврток и понатаму останува отворен ден за прием на странки во градоначалничкиот кабинет.
Градоначалникот најави воведување на ИСО стандарди во работењето на општината и нагласи дека нема да има правни лавиринти. Ќе има награди, но и санкции.
Одговарајќи на новинарско прашање, Јанчев рече дека нема да се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на претстојниот конгрес.
Раководителот на Сектор за урбанизам и комунално уредување Драгослав Симоновиќ истакна дека со овој проект, општината многу побрзо ќе знае за проблемите на населението и ќе нема административни бариери.
- Вработените во овој проект се опремени со добра електронска технологија и со помош на таблети ќе ги детектираат проблемите на лице место и веднаш ќе можат да алармираат со помош на посебна технологија, да се реагира на лице место. Што не беше пракса досега, додаде Симоновиќ.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци