Кошарка
12. May 2016 - 0:36

Кавадарци домаќин на македонските кошаркари во квалификациите за ЕП

 
 
Кавадарци ќе домаќин на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација во квалификациските натпревари за Европското првенство што ќе се одржи 2017 година во Турција, Израел, Финска и Романија.
 
По 13-години нашите најдобри кошаркари ќе изезат надвор од главниот град, каде досега ги играа клучните натпревари во евро-квалификациите. 
 
Имено, раководството на Македонската кошаркарска федерација, претставувано од првиот човек Петар Наумовски, потпиша договор за соработка со градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов за ко- организација на престојните квалификациски натпревари.
 
Така во салата „Јасмин“ во Кавадарци „црвено-жолтите“ ќе бидат домаќини на Луксембург, Велика Британија и Унгарија. 
 
Првиот натпревар во Кавадарци ќе се игра на 31 август против Луксембург, на 7 септември ќе бидеме домаќини на селекцијата на Унгарија, а на 14 септември во ќе гостува репрезентацијата на Велика Британија. 

Ново на Сител