Македонија
29. јуни 2020 - 10:12

Кавадарчанка позитивна на Ковид-19, но последните 10 дена не одела на работа

Кавадарчанка на 50-годишна возарст е новиот позитивен случај на КОВИД-19 во Тиквешко. Вработена била во фабрика, но последните десет дена не одела на работа. Ова за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Станувало збор за асимптоматски случај, а жената била на домашно лекување. Се утврдувале нејзините контакти, со цел нивна изолација.