-->
-->
Кавадарчани најуспешни на Државното првенство во стрелање
-->
Стрелачкиот клуб од Кавадарци беше најуспешен во екипен и поединечен пласман на Државното првенство во стрелање со војничка пушка 7,9 милиметри, кое викендов се одржа во Штип, информираше денеска Благој Пешиќ, тренерот и претседател на клубот „Кавадарци”.
- Државното првенство беше во организација на Македонската спортска стрелачка федерација. Во екипен пласман ние бевме први со испукани 481 круг. Втори беа од стрелачкиот клуб „Штип” од Штип со испукани 456 круга, а трети стрелачите од „РЕК Битола” од Битола со 416 круга, изјави Пешиќ.
Стрелци од кавадаречкиот клуб ги освоија и првите три места во поединечна конкуренција. Прв беше Пепи Ганчев со 161 круг, втор Илија Милков со 160 круга и трет Атанас Танев со 160 круга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема правда ниту за Ласкарци, ниту за модуларната болница – Можно ли е реотворање на судските процеси?
-
Црвен крст: Собрани повеќе од 30 милиони денари за семејствата на настраданите и повредените
-
Пукање во скопско Моране
-
Повредените во стабилна состојба
-
Кочани тагува
-
Струмичани се збогуваа со Ѓоко Георгиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Кочани тагува