Кавадарчанец силувал 26-годишна девојка
Лишени од слобода биле вчера кавадарчанка која му се заканувала на сопругот и кавадарчанец кој обљубил сограѓанка, информираа денеска од СВР Велес.
- Вчера во 11.15 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода А.Б.(46) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом му се заканувала на нејзиниот 48-годишен сопруг. А.Б. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Синоќа во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Х.(33) од Кавадарци, по пријава од 26-годишна сограѓанка, со која бил во љубовна врска.
- Според пријавеното, на 09.06.2024 во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора