Кавадарчанец осомничен за 19 кражби во Скопје
СВР-Скопје по преземените дополнителни мерки и активности, до надлежното ОЈО поднесе уште две кривични пријави против О.А.(21) од Кавадарци со привремен престој во Скопје, поради основано сомнение дека извршил уште 19 кривични дела од кои 13 ,,тешки кражби“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ и шест ,,тешки кражби во обид“ предвидени и казниви по чл. 236/19 од КЗ на РМ.
Како што соопшти МВР, кривичните дела пријавениот ги извршил во временскиот период од 06.12.2015 до средината на јануари годинава, притоа осум извршени преку ден, а 11 во ноќните и во раните утрински часови на подрачјата на Аеродром и Центар при што се здобил со противправна имотна корист од околу 507.000 денари. Од вкупно 19 кривични дела, осум се извршени во деловни простории, 10 во станови и едно во куќа.
Кривичните дела тешки кражби во деловните објекти О.А. ги извршувал на тој начин што со употреба на метална хебла насилно ги кршел влезните врати, а додека пак тешките кражби во становите и куќата ги извршувал на тој начин што со удар со нога насилно ги отворал влезните врати, влегувал внатре вршел претурање и пребарување по собите при што одземал разни предмети: златен накит, техничка стока (лап-топ компјутери, таблети, телевизори, мобилни телефони, фото апарати) и други вредни предмети. Украдениот златен накит го продавал во златара во центарот на Скопје, дел од украдената техничката стока ја продавал на дивиот пазар на Кале а додека пак дел ја заменувал за наркотична дрога марихуана.
Пријавениот е и претходно познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 2009 до 2015 година поднесени му се 41 кривична пријава. Исто така пријавениот поседува досие во Гостивар, Струга и Охрид.
Ново на Сител
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол