Катругалос: Мицотакис ги толерира оние кои говорат за поништување на Договорот од Преспа
Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеник од СИРИЗА и надлежен за надворешна политика Јоргос Катругалос ги поздравува изјавите за време на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас „за важноста на целосното и доследно почитување на Договорот од Преспа“ како и изјавата на пратеничката од Нова демократија, Дора Бакојани „која го повика Дендиас да преземе иницијативи за поддршка на договорот“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Господинот Мицотакис, кој инвестираше во етно-популизмот и лицемерието, спротивставувајќи се на Договорот од Преспа, денес ги толерира оние кои говорат за поништување на Договорот, вели Катругалос и додава дека грчкиот премиер треба да ги објасни позициите на владата.
На вчерашната Комисија за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент, како што веќе објави МИА, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас рече дека потребно е целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа и истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, но очекува од двете соседни земји „да направат опипливи чекори напред во важните прашања“
Ново на Сител
-
Штип: Излетаа два автомобили - Повредени четири лица
-
Еврокомесарот Бретон поднесе оставка
-
Игор Стефановски – Иџе победи во својата група на Европскиот шампионат во ридски патеки
-
Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември, граѓаните да ги заменат навреме
-
Втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеца
-
Најмалку осум загинати во поплавите во Европа
-
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
-
Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени