Катругалос: Формално и правно Договорот од Преспа уште не е во сила
Формално договорот од Преспа не е во сила, а правно и формално ќе стапни во сила по ратификација на протоколот за членство во НАТО одстрана на грчкиот Парламент, изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио „Њуз247“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Целосното формално стапување во сила на договорот ќе се случи по ратификацијата од наша страна на протоколот за членство. Според тоа ќе постои еден мал временски период во кој, иако е изгласан договорот, формално и правно не е во сила, вели Катругалос во однос на тоа дека и по ратификацијата од грчкиот Парламент, македонскиот премиер и понатаму го користи името Македонија, а не Северна Македонија, нешто што предизвика реакции во грчките медиуми.
Тој објаснува дека штом стапи во сила Договорот, ќе започнат важни разговори за унапредување на билатералната и економска соработка на двете земји.
-Се отвора период на значајно подобрување, надградба на нашите економски, но и генерално билатерални односи со нашата соседна земја. Следниот ден откако формално ќе стапи во сила договорот, ќе започнеме разговори за тоа како да ги искористиме европските фондови за заеднички развој на регионот, на нашите граници, во Преспа и како можеме дополнително да ја унапредиме нашата билатерална економска соработка, рече алтернативниот шеф на грчката дипломатија.
Во однос на најавите од Нова демократија дека тие како влада ќе го искористат правото на вето на патот кон Европската унија, Катругалос вели дека тоа е изразување на недостиг на политичка искреност.
-Договорот од Преспа јасно вели дека ние се согласуваме за почеток на пристапни преговори, тоа го пишува во текстот и тоа очигледно значи дека задржуваме секаква можност што имаме, како што имаме за сите соседни земји од Западен Балкан кои ги поддржуваме за европската перспектива, но со два предуслови кои што се подразбираат: почитување на европското законодавство и на добрососедските односи, објасни Катругалос и додаде дека доколку „не се спроведува договорот, во секоја фаза на преговорите ќе ги потсетуваме за нивните обврски“. с
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење