Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој се тврди дека од 2020 година речиси 4.500 луѓе биле сексуално злоупотребени од католичките свештеници.
Во извештајот се наведуваат изјави на жртвите, судски документи и медиумски извештаи.
„Рете л’Абусо“ наведува дека поголемиот број од жртвите се помлади од 18 години односно 4.451 жртва била малолетна. Додека 4.108 жртви биле мажи, пет монахињи, 156 ранливи лица и 11 луѓе со инвалидитет.
Во извештајот се истакнува и дека 1.106 лица биле злоупотребени од свештениците, а другите биле сексуално малтретирани од монахињите, волонтерите, учителите по веронаука и членови на извиднички групи.
Италијанската епископска конференција (ЦЕИ) минатата недела беше критикувана од Ватиканската комисија за заштита на децата за нејзиниот несоодветен одговор на сексуалните злоупотреби.
Од 1.106 осомничени свештеници, само 76 биле подложени на црковни судења. Некои биле преместени во други парохии, додека 18 свештеници биле отпуштени или поднеле оставка. Исто така, пет свештеници извршиле самоубиство за време на истрагите.
Папата Лав Четиринаесетти во неодамнешното обраќање до епископите истакна дека не смеат да ги прикриваат обвинувањата за сексуална злоупотреба.
МИА
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
